Градоначалникот на Општина Струга одржа состанок со сите директори на основните училишта во Струга.
–Главна тема на овој состанок беше реорганизирање на наставниот распоред (смени), заради штедење на електрична енергија и истовремено заштеда на училишниот буџет. Досегашната пракса докажа дека наставата со учениците од прво до петто одделение одржана наутро трае многу пократко од наставата на учениците од шесто до деветто одделение, кои имаат повеќе часови. Со планираната ротација сметаме дека настава на двете смени ќе завршува порано.-соопштуваат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека е донесена и одлука јавните набавки кои се објавуваат за секое училиште посебно, сега сите да бидат во еден заедчка набавка, пристап што треба да резултира со подобро и полесно менаџирање.
Тема на дискусија на средбата биле и користење на буџетски фондови за проекти, подобрување на условите за превоз за учениците и друго.
Strugaonline
Facebook Коментари