Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќва и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина.-најавуваат од УХМР
Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.
Во среда и четврток ќе настапи разведрување и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степени.
Извор: УХМР
фото: архива
Facebook Коментари