Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека не е планирано предлагање нови рестриктивни мерки.
-Имаме прилично стабилна епидемиолошката ситуација во земјава. Во болниците има поголем број на слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника каде во изминатиот период немаше слободни места за хоспитализација. Разговаравме за новиот сој. Нашиот заклучот е дека остануваме со овие мерки, бидејќи нема доволно информации за новиот сој. Секако дека ја следиме состојбата. Сметам дека некаква рестрикција во однос на затворање на границите, во однос на карантинизирање на патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија“-изјави Филипче.
Тој додаде дека на утрешната седница ќе дебатираат за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако убедат 70% од нивните пациенти да се вакцинираат.
„Опфатени се околу 1.500 матични лекари. Тоа би било еден бонус, кој ќе го добијат. Веќе разговарав со дел од колегите. Тие треба преку комуникација, апели, повици да ги убедат граѓаните да се вакцинираат. На влада ќе зборуваме за сите предложени мерки. Ќе биде поголем фокус. Матичните лекари имаат апсолутно право да ги мотивираат пациентите да се вакцинираат“, вели Филипче.
Facebook Коментари