Време- Облачно со врнежи од дожд, на повисоките места и планините снег

- Македонија
400

Облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 14 степени.

Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови (и над 20 л/м2). До крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови, каде врнежите најдолго ќе се задржат. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повисоките места, како и речиси насекаде во источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 8 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари