Пет моторни возила во Струга подигнати со ,,пајак“ поради непрописно паркирање

- Локални
562

На 6-ти декември 2021 година, при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, контролирале и во станица за технички преглед упатиле 22 автобуси што вршат јавен превоз на патници.

– Притоа, кај еден автобус констатиран бил неисправен уред за сопирање поради што возилото е исклучено од сообраќај, а кон правното и одговорното лице се поднесени соодветни пријави. Во Струга, поради неправилно паркирани возила, со специјално возило „пајак“, подигнати се пет моторни возила, а во Кичево полициските службеници санкционирале шест пешаци кои коловозот го преминувале надвор од обележан пешачки премин, информираат од МВР.

Facebook Коментари