Министерот за економија Крашник Бектеши ги повика граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.
– На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Согласно Одлуката која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.Оваа одлука ќе важи до 31-ви јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши на Фејсбук.
Владата на 4-ти декември донесе одлука да се замрзнат цените на основните прехранбени производи и за нив ќе важат цените формирани од трговците на 1-ви декември. Сшпред најавите, оваа листа би можело да биде проширена.
Facebook Коментари