Oпштина Струга се придружи на иницијативата на готвачите кои зготвија 700 оброци за социјално загрозените семејства во Струга и Охрид.
“Беше напорно да се организира, но имавме голема желба да се помогне. Не поддржаа и голем број хумани граѓани и компании, но најголема помош даде Општина Струга, со 90 проценти од намирниците“- истакна Никола Петрески.
Црвен крст ја дистрибуираше храната до оние на кои им е најнеопходна.
Хуманата активност со која трипати неделно се готви за триесетина гладни од Струга ја започна Петрески, кој работи со достава на храна.
– Овој вид на иницијативи секогаш ќе бидат поддржани од градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко.-велат од Општина Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари