Лев банер Десен банер

Следната година Струга ќе биде домаќин на Меѓународен саем за рибарство

Во просториите на Општина Струга, градоначалникот Рамис Мерко оствари средба со претставници  на  Еуростеп Дооел Скопје.
-На средбата се дискутираше за организација на Меѓународен бизнис форум на кој ќе се презентираат капацитетите, условите и предностите за привлекување на инвеститори, а воедно и развивање на туризмот преку цела година.-информираат од Општина Струга.
Во текот на наредната година е предвидена организација на саем за риби и рибарство во  Струга. На саемот ќе учествуваат риболовни здруженија од Западен Балкан кои ќе ги претстават нивните производи, дејности и активности со поставување на штандови.
За време на саемот е предвиден музички настан и учество на диџеи, со цел привлекување поголем број посетители.
-Дел од саемот ќе биде посветен во организација на бизнис форум кој ќе има за цел да поттикне соработка и инвестиции помеѓу правните лица во Струга и струшката околина и правните лица од странство.-додаваат од Општина Струга.
Strugaonline

error: