Лев банер Десен банер

,,Струшка женска група“ со хумана мисија за новогодишните празници

,,Струшка женска група“  со хумана мисија за новогодишните празници. Членките на оваа група на социјалната мрежа Facebook организираа акција за донирање на новогодишни пакетчиња и украси наменети за паралелките за специјално образование при ООУ ,,Браќа Миладиновци“ , Центарот за лица со интелектуална попреченост ,,Порака нова“ и Центарот за лица со оштетен слух во Струга.

Администратори  на ,,Струшка женска група“ се Велика Богоеска Голабоски и Ивона Ашталкоска Башуроска .

,,Оваа хуманитарна акција ја предложив инспирирана од нашата пракса во рамки на групата да си разменуваме подароци со членките за разни поводи. Бидејќи смислата на овие празници е сплотеност и заедништво сакав да имаме и дел за донирање. Откако ја покренав иницијативата, наидов на голема заинтересираност. Десет членки од групата дониравме и направивме 100 пакетчиња. ,,-изјави за Strugaonline Велика Богоеска Голабоски.

Дистрибуцијата на новогодишните пакетчиња и украси ќе започне утре.

Strugaonline

error: