Taња Бах: Овогодинешното издание на ,,Моден ден“ ќе предизвика убави чувства кај публиката

На 25-ти декември во Струга , поточно во хотел Дрим, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи седмото издание на манифестацијата Моден ден, една од ретките манифестации во земјава каде се прави суптилна комбинација на две уметности, а тоа се модата и танцот. Дел од креациите ќе бидат претставени со танцови точки од страна на балерините од Балетското студио БАХ, а останатите креаци ќе ги претстават млади луѓе од Струга кои сакаат мода и вака добиваат несекојдневна можност да се претстават себеси пред публика. Сите детали ги дознавме од Тања, кореограф и идеен творец на балетското студио ,,БАХ“ и организатор на манифестацијата Моден ден, а со нас беше и Андрес Петкоски, учесник на ,,Моден ден“.
Разговорот можете да го проследите на следново видео
Play radio

