Професор со метален предмет претепал средношколец во СОУ ,,Ибрахим Темо“

- Локални
1250

Средношколец се здобил со повреди на главата откако неговиот професор го повредил со метален предмет во средното струшко училиште „Ибраим Темо“.

Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврдил за МИА директорот на струшката болница Арменд Арслани.

„Од одделението за хирургија ме известија дека во 13:45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување“, изјави Арслани за МИА.

Полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец, пренесува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски,

„Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште“, изјави Димоски.

Оттаму наведуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: 360stepeni.mk

фото: aрхива

Facebook Коментари