Денеска во 12.30 часот, СВР Охрид и Интернационалната полициска асоцијација Охрид, ќе го реализираат превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година”. Проектот е започнат во 2008 година во чии рамки, полициските службеници на охриѓани и гостите што во Охрид ќе ги прославуваат новогодишните празници, им подаруваат новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде со желби за среќна Нова година. Секако, полициските службеници на граѓаните и пред се на возачите на моторни возила ги потсетуваат за потребата од внимателно управување на возилата, почитување на сообраќајните правила и прописи, некористење алкохол, придонес за стабилен јавен ред и мир, се со цел, беспрекорна безбедност за време на Новогодишните празници. Предвидено е, во 12.30 часот, да биде поставен сообраќаен пункт на пресекот на булеварот „Туристичка” со улицата „Даме Груев” во Охрид.
Популарнo…
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ
Симона Чавкоска од Струга ќе учествува на Светскиот натпревар -Филозофска олимпијада во Финска
Денеска сите патишта водат кон Струга, ова е распоредот на струшката Литија
Традиционално и годинава Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец ќе ја осветат Струга
Нестор Јаулески: Фасциниран од македонската традиција, на 45 години научив да правам накит од филигран
Емисијата ,,Не спомви имиња“ со Бато Деко повторно на Плеј радио од 1-ви Мај!
Facebook Коментари