Сообраќајна незгода на патот Струга-Дебар, две лица се повредени

- Локални
606

На 30-ти декември 2021 година, во 10:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, се случила сообрaќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Алфа ромео“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(66) од Дебар и патничко возило „Фолксваген голф“, со швајцарски национални ознаки, управувано од 45-годишниот Д.Т. од Струга. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Т. и 60-годишниот Ш.Б. од Дебар, сопатник во возилото „Алфа ромео“, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Facebook Коментари