Од полноќ поскапуваат бензините, ацената на дизелот останува непроменета.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар.
Се зголемува и цената на мазутот за 0,430 денари/килограм.
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,50 денари/литар
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 денари/литар
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,50 денари/литар
- Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 74 денари/литар
- Мазут М-1 НС – 46,921 денари/килограм
Facebook Коментари