Симболика на страдалната седмица – во очекување на големиот Велигден

- Македонија
1432

Вчера започна последната предвелигденска недела која уште е позната и како страдална или голема недела. Време кога се празнува и пости. Според преданијата на Црквата голема недела се вика затоа што спасителот  Исус Христос правел големи дела. Познато е дека последната недела пред најголемиот Хистијански празник Велигден се зголемуваат молитвите бдеењата и постот. Секој ден од големата недела има своја симболика.

Среда- е последниот работен ден од оваа недела, на овој ден во минатото на жените им било забрането да шијат исто како во цветната недела.

Велики Четврток – ова е голем празничен ден кога не треба да се работи, но може да се сеат лубеници. Преданијата велат дека ако на овој ден се посеат лубеници, ќе бидат напредни и сочни. На овој ден домаќинките после изгрејсонце вапцуваат јајца.Велики Петок

На овој ден се случило големот страдање на Исус Христос. Ова страдање се нарекува уште и искушение бидејќи Исус со тоа ги искупи човечките гревови.

Велики петок се нарекува и „петок на страдањето“, а на овој ден се подразбира најстрог пост.

Велика Сабота

И на овој ден можат да се вапцуваат јајца. Вечерта на Велика Сабота верниците се упатуваат кон Храмовите и го дочекуваат Исусовото воскресение.

Facebook Коментари