Во кои земји најмногу се пие кафе, а каде чајот е култура на живеење?

- Здравје
1340

Според податоците од извештајот на Меѓународната организација за кафе во Финска се пие најмногу кафе, а во Турција – најмногу чај.Британски „Телеграф“ пренесува дека  еден просечен Финец пие 12 килограми  кафе во цела година, додека Норвежаните и Исланѓаните – 9,9 и 9 килограми. На врвот натаму се и Данска (8,7 килограми), Холандија (8,4 килограми), Шведска (8,2 килограми), Швајцарија (7,9 килограми), Белгија (6,8 килограми), Луксембург (6,5 килограми) и Канада (6,2 килограми).

На изненадување на многумина, на листата најголеми обожаватели на чај, Британците се најдоа на третото место, по Турција и Ирска.

Facebook Коментари