Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Ромите

- Македонија
643

Денеска се одбележува Меѓународен ден на Ромите – ден на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници кој бил одржан во Чесфилд крај Лондон од 7 до 12 април 1971 година. На тој конгрес била донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната Ѓелем, ѓелем  и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена двобојка со црвена точка во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата.

,,Еден народ е целосен кога ги препознава сите свои националности и култури и ги прифаќа како такви. На сите граѓаните од ромската заедница во Општина Струга и ширум светот им го честитаме Меѓународниот ден на Ромите.,, – стои во честитката од Општина Струга по повод денешниот ден.

Facebook Коментари