Mерко: Најстрого го осудувам вандалскиот чин на струшките гробишта, органите на прогонот што поскоро да го решат случајот

- Локални
1263
Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко најостро го осудува обидот за отворање и оштетување на православните гробишта во Струга, нарекувајќи го овој чин вандалски чин.
-Апелираме до органите на прогонот што поскоро да го решат случајот и да ги изведат овие вандали пред правда. Исто така апелираме и до граѓаните на смиреност и го осудуваме говорот на омраза од онлајн медиумите кои ги злоупотребуваат овие случаи. Ваквите гестови го нарушуваат мирот и хармонијата во нашиот град. Во меѓувреме ги молиме граѓаните кои ќе видат нешто сомнително да пријават до МВР – Струга.- стои во соопштението од Општина Струга.
Ова доаѓа после вчерашната информација од СВР Охрид дека на 13.04 2022 година во ОВР Струга  било пријавено сквернавење на гроб на Градските гробишта во Струга.
-Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава. – стои во соопштението од СВР Охрид.
Strugaonline

Facebook Коментари