Центар на заедницата на Општина Струга организира јавна дискусија на тема „Нови начини за активација на невработеното локално население“

- Локални
696

Центарот на заедницата на општина Струга Ве поканува на јавна дискусија на тема: „Нови начини за активација на невработеното локално население: можности за поддршка и соработка со Локалниот економско-социјален совет на Општина Струга“ „  на  23 Мај 2022 година (Понеделник) во 11:00 во хотел Дрим.

Дискусијата ќе се состои од три дела и тоа:

– Воведен говор и краток осврт на темата

– Споделување на мислење од поканетите панелисти

– Отворена дискусија со присутните

Пандемијата доведе до најдлабока економска криза на нашата генерација не само во нашата земја туку насекаде во светот а со тоа и до зголемување на стапката на невработеност. Активните политики за вработување се една од клучните национални политики за активација на невработените со цел нивно вклучување на пазарот на труд во Република Северна Македонија. Колкаво е нивото на запознаеност и достапност на информации помеѓу невработените лица за процесот за нивна евиденција и можностите да се биде корисник на услугите и на активните мерки за вработување и изнаоѓање на нови  начини за активација на невработеното локално населени ќе бидат само дел од прашањата кои ќе се продискутираат на оваа јавна дискусија.

Центарот на заедницата на општина Струга го реализира настанот во соработка со Младинскиот културен центар – Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата” со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

StrugaOnline

Facebook Коментари