Директорот на СВП, Тодорче Тасески, учестуваваше на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите

- Локални
660

Директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски учествуваше на завршната сесија на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите, која се одржа во Струга од 13-ти до 18-ти мај.

-Академијата е дел од проектот Balkan Translation Collider, каде што еден од ко-организаторите е Издавачката куќа Готен. Струшките вечери на поезијата, како еден од најголемите светски поетски фестивали имаат исклучителна важност во промоцијата на книжевни преводи од повеќе светски јазици на македонски јазик, но и промоција на македонската поезија на повеќе светски јазици.-информираат од СВП.

Додаваат дека со учесниците на Акедимијата од кои повеќето се книжевни издавачи и литературни агенти, беа остварени контакти со можност за идна соработка.

Strugaonline

Facebook Коментари