Со богата програма во Охрид ќе биде одбележан 24-ти Мај

- Локални
659

Со низа свечености во Охрид ќе се одблежи 24 Мај, Денот на сесловенските просветители. Општина Охрид ja објави планираната програма во која заедно со  СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе ги чествуваат  основоположниците на словенската писменост и литература.

Свеченостите ќе започнат во сабота, на 21-ви мај 2022 година, со програма по повод патрониот празник на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, која ќе започне во 12:00 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Во понеделник, на 23-ти мај, во големата сала на Општина Охрид, ќе се одржи промоцијата на книга за светите браќа Кирил и Методиј од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго- Димоски, со почеток во 11:00 часот.

Во вторник, на 24-ти мај, со почеток во 09:30 часот  ќе се одржи панихида и свеченост во чест на светите Кирил и Методиј во Домот на култура „Св. Кирил и Методиј“ во Кошишта.

Потоа следува полагање на свежо цвеќе пред монументалниот споменик на Св. „Кирил и Методиј“, како и доделување награди на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари во 10 часот.

Со почеток во 12:00 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи Фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2022“.

 

Facebook Коментари