На 6-ти јуни во Охрид ќе биде поставена интерактивната изложба „Духот од електричната ламба“ од Д-р Анис Сефиданис

- Локални
525
На 6ти и 7ми јуни, Центарот за култура ,,Григор Прличев“ Охрид е домаќин на интерактивната изложба „Духот од електричната ламба“, авторство на Д-р Анис Сефиданис. Во рамки на изложбата, во 12.00, секој ден, ќе се оддржи и предавање.
,,Уникатната колекција на Проф. д-р Анис Сефиданис нуди оригинални примероци од најраните претставници на електронските ламби на IBM до последната генерација на современите процесори на повеќе хетерогени јадра, кои оперираат со висока фреквенција и паралелност.,,-информираат од охридскиот центар за култура.
Со помош на мобилна апликација која користи проширена реалност, посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за историјата, архитектурата и примената на секој изложен артефакт.

Facebook Коментари