Центарот на заедницата на Општина Струга ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средба на инспекторот за животна средина (Општина Струга) со граѓанските организации и граѓаните, под мотото ,,Запознај го својот инспектор“. Средбата ќе се одржи утре, 5-ти јули, со почеток во 11:00 часот во салата за конференции во хотел ,,Фреја“.
Инфо средбите се организираат во рамки на проектот ,,Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“ што го спроведуваат партнерските организации HBO Инфоцентар од Скопје, Центарот на заедницата на Општина Струга и Регионалниот центар за соработка СПЕКТАР од Крива Паланка. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.
Facebook Коментари