Успешен настап на Веслачкиот клуб ,,Црн Дрим“-Струга на Меѓународната веслачка регата Војводина Опен
Веслачкиот клуб Црн Дрим-Струга учествуваше на силната Меѓународна веслачка регата Војводина Опен на езерото Палич , во конкуренција со веслачки екипи од Србија , Унгарија , Хрватска , Бугарија и Македонија при што постигна задоволувачки резултати .

Имено во категоријата Скиф – под 13 години младата Стружанка Ана Прентоска го освои првото место , што претставува голем успех и поттик за понатамошната кариера .
Климентина Стојмиловска во категоријата скиф-кадетки се пласираше во финалето , каде го освои одличното 6-то место во конкуренција од десет натпреварувачки .
Елена Столеска во конкуренција скиф-јуниорки не успеа да се пласира во финалето , но достојно го презентираше македонското веслање .
Струшките веслачки ги предводеше тренерот на ВК Црн Дрим и селектор на македонската веслачка репрезентација , Марјан Влаќески .
Strugaonline

