Завршната фаза на Интердисциплинарниот мултимедијален проект под наслов „Деструкција вода“ на иманентниот автор Исмет Рамиќевиќ, вечерва во 20:30 часот преку музички перформанс и изложба ќе биде претставен на платото пред Домот на културата „Браќа Миладиновци“ – Струга, односно реката Црн Дрим.
Истиот е составен од изложба на скулптури-музички инструменти во простор, видео перформанс и концертен перформанс во кој учествуваат познати македонски музичари од Скопје и Струга. Музичарите ќе музицираат на скулптурите – музички инструменти застапени во повеќе светски култури и традиции.
Проектот е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари