Државниот инспекторат за животна средина, денеска го врати во природа малото мече на истото место на кое беше пронајдено во месноста Радожда, Струга, пред неколку дена од страна на лицето Гоце Митрески, голем вљубеник во животни и природа од Струга.

Имено Митрески по пронаоѓањето на мечето кое било видно истоштено и со повреда како исклучително совесен и одговорен граѓанин го пријавил настанот во Полиција и посоченото ловечко друштво, по што му е укажана итна ветеринарна помош од страна на ветеринарната амбуланта “Vet spirit” од Охрид. По неколку дневно чување во посебна просторија кај Митрески и закрепнување на мечето, истото во добра здравствена состојба е вратено онаму каде што и припаѓа, во природа.


-За време на враќањето во природа присуствувала и екипа на медиумот Охрид1 (Љупчо Танески и Татјана Маленкова), а за настанот остварена е комуникација и со Директорот на ЗОО градина од Скопје како и надлежните инспектори од Агенцијата за Храна и Ветеринарство.
Гоце Митрески од Струга цело време беше во комуникација со сите надлежни институции, а ДИЖС на Гоце Митрески му искажува голема благодарност за исклучителниот чин на хуманост, пожртвуваност и соработката.-информираат од инспекторатот
Strugaonline
фото: Државен испекторат за животна средина
Facebook Коментари