Од полноќ ново намалување на цените на горивата

- Македонија
683

Според регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари, на Еуросупер БС-98 за два денари, додека на Еуродизел (Д-Е V) за 3 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг.

– ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 90 денари/литар
– ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 92 денари/литар
– ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 90 денари/литар
– Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 87,50 денари/литар
– Мазут М-1 НС – 52,786 денари/килограм.

StrugaOnline

Facebook Коментари