22 возачи во Струга казнети поради брзо возење

- Локални
482

На 14-ти август 2022 година во периодот од 15:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.

 Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 92 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-18, Струга-22, Кичево-47, Дебар-5).

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари