Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи оваа сабота, 10-ти септември
Охридскиот пливачки маратон оваа година ќе се одржи на десети септември со почеток во 10 часот.

– На патеката „Климе Савин“ во сабота ќе пливаат осум пливачи од пет различни држави. Во склоп на маратонот организираме и доплнителни содржини со цел да го вратиме препознатливиот сјај на маратонот од минатото. Во четврток на плоштадот кај Долна порта ќе се направи презентација на сите пливачи, понатака ќе имаме изложба на стари фотографии од минатото и проекција на документарниот филм „Охридски пливачки легенди“. Во петок овој документарен филм ќе се емитува за децата од основните и средните училишта во Охрид, во сабота покрај главниот настан, организираме и работилница заедно со децата од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и заедно со УНЕДП на тема „Заеднички преспективи, младите за Охридското Езеро“. Истиот ден ансамблот „Билјана“ ќе одржи мал концерт, информираше Ристе Јанкоски, координатор на организациониот одбор за организација на Охридскиот пливачки маратон.

