На 18-ти септември во Струга веслајте кајак и придонесете во борбата против загадување на животната средина

- Локални, Спорт
652
На ден 18ти септември (недела) во 10:00часот, на машка плажа , организацијата МЛАДИИНФО ги повикувасите граѓани од Струга и пошироко да веслаат кајак и да придонесат во борбата против загадување на животната средина.
-Проектот има за цел да ја зголеми свеста за борба против загадувањето на природата практикувајќи спортови на вода. Во партнерство со Европската асоцијација за кану и други национални асоцијации за кајак/кану, ќе бидат организирани неколку еко-акции во Бугарија, Хрватска, Македонија и Србија, како и финална Еко-регата за чистење на Охридското езеро и реката Дрим во 2023 година.-информираат од Младиинфо.
Секоја година илјадници луѓе веслаат кајак низ Европските пристаништа, реки и езера, собирајќи повеќе од 42 тони ѓубре. Размислете колку е голема таа пластична кеса и колку тежи, сега замислете го купот собран отпад – тоа е планина од отпад!
-Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!-апелираат организаторите.
Учество во проектот можат да земат сите поединци кои поседуваат опрема за веслање (суп или кајак) Пријавување во инбокс или на телефон 075 583 583 Носител на проектот е организацијата МЛАДИИНФО. Проектот е финансиран од Европската Унија, како дел од програмата ЕРАСМУС.

Facebook Коментари