Лев банер Десен банер

Во родната куќа на Блаже Конески промовирана книгата „Поетски пораки за Конески“

ПЕСНИТЕ ПОСВЕТЕНИИ НА ВЕЛИКАНОТ – СЕ ЖИВ СПОМЕНИК НА ВЕЛИКАНОТ

На 7 август по повод 8 септември, во пресрет на Денот на независноста на нашата република, во родната куќа на Блаже Конески, во прилепското село Небрегово, беше организирана свеченост на која се промовира Зборникот со песни со наслов „Поетски пораки за Конески“. Издавач на оваа значајна книга е фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ а домаќин на прекрасно организираната манифестација беше Музејот и Завод во Прилеп.

ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ ПЕСНИ

Во книгата-зборник „Поетски пораки за Конески“ се објавени 174 песни од ученици од 40 основни и средни училишта и студенти од четири факултети но и писатели, како и факултетски професори кои учествувале на минатогодишниот конкурс што фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ традиционално го објавува од септември до декември секоја година, а на истиот може да конкурираат со своја песна сите оние што ќе го направат тоа. За одбележување е и фактот дека во овогодишното издание на оваа книга се објавени песни од 3 основни училишта, 2 средни училишта и од педагошкиот факултет од Битола, потоа 2 основни училишта од Велес, меѓу кои и ученици од ОО „Блаже Конески“ како и по едно од ОУ Гостивар и Кавадарци, од Гимназијата во Гостивар, од Кочани и Неготино, 6 од ОУ Прилеп и од ОУ село Ропотово, три средни училишта од градот под Марковите кули, 6 од ОУ Скопје, меѓу кои и од ОУ што го носи името на Блаже Конески, но уште и од пет средни училишта и од 2 факултети, од ОУ што го носи името на великанот Конески од селото Скудриње, Општина Маврово и Ростуше, 2 ОУ од Струмица, и тоа од Колешино и од Муртино, едно од селото Голема Речица, Општина Тетово и, од Гимназијата и Филолошкиот факултет од Штип, како и други ученици. На 18 ученици, студенти и професори им беше доделена наградата „Зборот на Конески“ за  најдобра песна, а наградените ги прочитаа своите творби: Благојче Ристески и Марија Сервини од Битола. Христијан Арсов, Елена Кузманоска и Матеја Николва од Велес, Елена Јандреоска и Ивана Богоеска од Прилеп, Валерија Андоноска од Ропотово, Билјкана Митреска, Ива Кимовска, Ведрана Петрова, Ана Петаноска и Анастасија Златковска од Скопје, Немања Јорданов од Стајковци, Рахмина Куртовска од Скудриње, Трајче Баисколиев од Колешино, Александар Манушев од Муртино, Исмаил Шасивари од Тетово и професорката Ана Витанова Рингачева од Штип. Наградите на наградените им ги врачи проф д-р. Живко Цветковски, претседател на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, модератор на манифестацијата беше Атанас Конески секретар на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ којшто со нему својствен шарм на задоволство од присутните ја водеше промоцијата.

Книгата-зборник „Поетски пораки за Конески“ ја промовираа писателката Јагода Михајловска-Георгиевска и новинарот и писател Мишо Китаноски, кој меѓудругото го истакна и следното: „На крајот од минатиот ХХ век, беше направена релевантна анкета за избор на Македонец – личност  на нашиот минат век. За личност на македонскиот ХХ век беа избрани на првите четири места Крсте Мисирков, Гоце Делчев, Блаже Конески и Кочо Рацин. Овие четворица преродбеници се втемелувачите на современата македонска државност, тие со своето дело се вградени во нашиот македонски бит и се исклучително истакнати борци на нашиот идентитет, јазик, историја, традиција…“ Во, продолжение промоторот М. Китаноски, потенцира дека „точно овие зборови, повеќе од сигурно директно се упатени и се однесуваат но и ја кажуваат вистиннската големина на нашиот великан Блаже Конески (1921 – 1993),чие поливалентно творештво во лингвистиката, литературата, есеистиката и одбраната на македонскиот јазик, не само што го афирмираа туку и придонесоа македонскиот народ со сите негови трајни идентитетски вредности, да биде стамено присутен на светската историска сцена. Со тоа Конески го задолжи еднаш и за секогаш веќе започнатото многувековно македонско слободарско дело никогаш да не биде прекинато и, секогаш да го брани и трајно да го вградува она што значи слобода на македонскиот народ…“

Што се однесува до песните застапени во ова издание посветени на Конески, рецензентот и промотор Мишо Китаноски, го истакна уште и следното: „Во зборников, се одделуваат според она што во себе го носат, три вида на песни, и тоа: оние кои се инспирирани од неговиот живот и дело (при тоа неодминливо се споменува неговото родно Небрегово, во кое поминал само шест години од својот живот), потоа песни во кое се цитираат стихови и мисли што Конески ги има напишано или изговорено во разни прилики и, песни во кои се споменува бројни македонски револуционери, се разбира, пресоздадени и вградени со овие зборови во стихови од страна на авторите на творбите кој одделни ученици и автори, застапени во оваа книга“, потенцира Китаноски.

ТУКА  ДЕТСТВОТО  МУ  МИНАЛО…

Присутните ученици и студенти, заедно со своите професори и ментори, како и поголем број директори од училиштата имаа прилика и пред и по промоцијата на книгата „Поетски пораки за Конески“ да ја разгледаат Спомен-куќата на нашиот великан, и, што се вели, да проследат низа фотографии ,факсимили и, други документи многу значајни настани од неговиот живот, како и да погледнат зачувани предмети од него што се изложени тука.

На крајот од промоцијата на книгата „Поетски пораки за Конески“, секретарот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ Атанас Конески, побара одговор од промоторот Мишо Китаноски, по објавувањето на серијата од 10 раскази посветени на детството на Блаже Конески, објавени во прилогот „Колибри“ во „Нова Македонија“ во ноември, декември и јануари 2021 година, по повод 30 – годишнината од упокојувањето на Блаже Конески (1993 – 2023), дали планира догодина да објави посебна книга. Китаноски одговори дека догодина планира да објави две книги за нашиот великан и тоа, првата со наслов „Било еднаш едно детете“ а тоа дете се вика Блаже Конески и насловот „Конески, од блиску“ во која низ збор и фотографии и документи ќе се откријат многу доста непознати страници од неговиот живот.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: