Успешно заврши овогодинешното издание на Меѓународен младински шаховски турнир ,,Езерска Кралица 2022“, ова се победниците

- Локални
640

Од 07. 09. 2022г до 11. 09. 2022 во Хотел Дрим Струга се одржа 3-от Меѓународен младински шаховски турнир Езерска Кралица 2022 Струга.

На турнирот учествуваа педесет и двајца млади шахисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција и Косово. Се играаа три турнири(Б1,Б2,Б3) во три возрасни категории(10,14,18) и еден екипен турнир(C) во забрзан шах.

Од Струга учествуваа вкупно четворица и еден натпреварувач од Вевчани,сите членови на Шаховската Школа Струга.

На С турнирот во екипна конкуренција учествуваа единаесет екипи, првото место со максимален број победи го освои екипата на ШК Ласкер Охрид во состав Константин Лушески, Николовски Никола и Николовски Михаил, второ место за Крал од Скопје, а третото место им припадна на ЦСКА од Софија.

На Б3 турнирот до U10 првото место за Диванисов Матеј од ШК Алкалоид Скопје, второто место за Саге Ардира од ШК Партизани Тирана, а трето место за Кадриоски Дарин од Младинската шаховска школа Струга(Алкалоид).

На Б2 турнирот до U14 првото место за Паликов Калојан од ЦСКА Софија, членот на ШК Ласкер Охрид Николовски Михаил го освои второто место, а трето место за Петровски Никола од МШК Центар Скопје.

На Б1 турнирот до U18 прво место за Константин Лушески од ШК Ласкер Охрид со 6 победи од седум партии, второ место за Христовски Марјан од ШК Стево Патако Битола, трето место за Јусуфи Ахмет од Косово.

Од Струга учествуваа вкупно четворица натпреварувачи, (Јован Ѓоровиќ во групата до 18 год,Герасим Кумбароски,Лука Симоноски и Горан Пешиноски натпреварувач од Вевчани сите во групата до 14 год, и Дарин Кадриоски во групата до 10 год,сите членови на Шаховската Школа Струга.

-Турнирот помина во најдобар ред и беше одлично организиран. Се играше во Конгресната сала на х. „Дрим во Струга. Ова е традиционален турнир кој се одржува секоја година.Оваа година освен од Македонија имавме и гости од Албанија,Грција,Бугарија и Косово.Имавме најава уште за неколку младински клубови од други европски држави кои имаа интерес да учествуваат на турнирот,но за жал оваа година не дојдоа.Турнирот го организираме на едно многу високо ниво и секој кој што учествувал на турнирите на Езерска Кралица се чувствува како да игра на големите европски првенства.Посебно внимание се посветува на декорот на просторијата за играње и тука секоја година дополнуваме со нови содржини.Новина на турнирот оваа година е тоа што за прв пат при организација на вакви младински меѓународни турнири во Македонија, користени беа електронски табли и прикажување на партиите во живо.Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите спонзори и подржувачи на турнирот.Турнирот ја има целосната поддршка од Шаховската федерација на Македонија,кои најавиja дека од другата година турнирот ќе биде составен дел на програмата која се доставува до Агенцијата за млади и спорт.,,-изјави за Strugaonline Ѓоко Котески, директор на турнирот.

Тој најави дека за другата година планираат Струга да биде домаќин на еден голем меѓународен младински шаховски турнир на кој што се очекува  да учествуваат играчи и школи од преку десет шаховски федерации .

Сите информации за натпреварот може да се најдат на: International Youth Chess Tournament “Lake Queen”, додека комплетните резултати по кола на chess-results.com

Strugaonline

Facebook Коментари