28 возачи во Струга казнети поради брзо возење

- Локални
470

На 11-ти септември 2022 година, во периодот од 15:00 до 21:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни акциски контроли.

 – Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 104 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид 17, Струга 28, Кичево 32 и Дебар 27). Акциските контроли ќе бидат интензивирано со цел зголемување на сообраќајната безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот, информираат од МВР.
Извор: МВР
фото: архива

Facebook Коментари