Сите заинтересирани за суштината на граѓанското новинарство имаат вистинска можност да се стекнат со знаења и вештини од оваа област. Македонскиот центар за меѓународна соработка ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават на обуките за граќанско новинарство.
Пријавувањето се врши по електронски пат на следнава меил адреса : [email protected]
Можете да се пријавите најдоцна до 28 април, а обуките за граѓани од Вевчани, Дебарца, Кичево, Охрид и Струга ќе се одржат во Битола на 4 и 5 мај.
Обуката опфаќа теоретcки и практичен дел. Учесниците ќе научат да пишуваат новинарски стории, ќе се запознаат со етичките правила во граѓанското новинарство, а нема да изостaнe ниту техничкиот дел. Пријавените на обуката ќе се стекнат со знаења и од областа на фото и видео новинарството.
Facebook Коментари