ЛШ: Јувентус и Монако полуфиналисти

- Спорт
890

Јувентус и Монако се последните полуфиналисти во Лигата на шампионите, и ќе им се придружат на Реал и Атлетико.

Барселона беше немоќна, а Јувентус по победата од 3-0 во првиот меч, во реваншот одигра 0-0 и успеа да им се одмазди на каталонците за поразот во финалето во 2015 година. Монако и во вториот меч ја победи Борусија на стадионот „Луј Втори“ со 3-1 и со вкупен резултат 6-3 се пласира во полуфиналето.

Полуфиналните парови ќе бидат извлечени утре во Нион, а првите мечеви ќе се одиграат на 2-ри и 3-ти мај, а реваншите една недела подоцна.

Facebook Коментари