Хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, поради зголемениот интерес повторно e на репертоарот на Народен театар Охрид во деновите 13-ти (четврток) и 14-ти (петок) октомври 2022 година, со почеток во 20.00 часот.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.
Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.
Strugaonline
Facebook Коментари