Лев банер Десен банер

Сојузот на борци на општина Струга го одбележа 11–ти Октомври Денот на народното востание на Македонија

По повод 81-та  годишнина од народното востание на Македонија, делегации од Сојузот на борци, предводени од претседателот Ајредин Мемети од Општина Струга, делегација на Здружението на пензионери, делегација на  АРМ, делегација од здружението на одбраната и безбедноста, како и подржувачите, делегации од политичките партии, граѓани и останати претставници од јавниот живот положија свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата во центарот на градот.

Претседателот на борците Мемети, истакна дека оваа година се одбележува 81 година од Народното востание (1941-2022). Го прославуваме Денот: кога, во големата 1941 го поведовме крвавото оро на четиригодишното оружено војување по овие наши родни, македонски полиња и планин, во еден братски и нераскинлив борбен строј со сите останати народи и народности на Југославија. Против еден и ист, заеднички непријател, истакна Мемети во своето кратко обраќање.

11 oктомври е круна на вековната македонска борба за национална слобода. Денес чествуваме 81 година од антфашистичкото востание во Македонија, симболот на непокорот и борба за слобода на македонскиот народ и народностите. 11 oктомври е врвот на масовната револуцуинерна активност и пресвртна епоха во долгодишните борби на македонскиот народ за национална и социјална слобода. Тој е продолжување на слободарските традиции и идеали на македонскиот народ проникнати уште во Илинденското востание (1903).

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: