Во недела езерско дерби помеѓу ФК Охрид Лихнидос и ФК Караорман, Паткари со повик до навивачите

- Локални, Спорт
525
Во рамки на втората машка фудбалска лига, во недела 16-ти октомври со почеток во 14:00 часот ќе се игра дерби натпревар помеѓу ФК Охрид Лихнидос и ФК Караорман.
Струшката навивачка група ,,Паткари“објави  повик до сите љубители на спортот да ги поддржат нашите фудбалери.
,,Општа мобилизација на целото членство, на сите кои некогаш застанале на нашата трибина. време е за езерско дерби , собир во 12:00 часот во Паркот на поезијата. Со години дерби се чека, биди и ти дел од црвено-белата чета.“-повикуваат Паткари.
Натпреварот ќе се игра во СЦ Билјанини извори.

Facebook Коментари