Македонија нема да учествува на Евровизија 2023

- Македонија
677

На Фејсбук профилот „Eurovision Macedonia“ објавена е  официјална информација дека Македонија следната година нема да учествува на Евровизија.

„Поради економската и енергетската криза и големите трошоци, Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија 2023, коj треба да се одржи во мај во Ливерпул, Велика Британија.
Одлуката да се откажеме од учество на Евросонг важи за оваа година, а за идната ќе видиме.“-стои во објавата.

Оваа информација  преку изјава за ММС ја потврдил и  директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски.

ММС побара официјална информација од директорот Марјан Цветковски, кој  потврдил дека, за прв пат по осамостојувањето Македонија нема да биде дел од најголемата музичка манифестација во Европа.

Facebook Коментари