Струшките џудисти освоија 13 медали на три Меѓународни натпревари
На ден 06.11.2022 година џудо клубот ,,Дрим“ од Струга учествуваше на три Меѓународни натпревари и тоа: ,,Филипос” во Аминдео, Грција каде освоија 9 медали од 9 учесници, .,,13 Новембар” Цетиње, Црна Гора 2 медали од 4 учесници и,,Миоки Опен” Скопје, Македонија 2 медали од 3 учесници.

Со медали се закитија:
Аминдео:
1. Мила Стојмиловска 
2. Мартина Салви 
3. Елеонора Јосифоска 
4. Давид Спироски 
5. Мишела Јаулевска 
6. Сергеј Блажески 
7. Катерина Клењоска 
8. Давид Шулески 
9. Албин Чолаку 
Цетиње:
1. Доријан Петкоски 
2. Мила Стојанова 
Скопје:
1. Анамарија Стојмиловска 
2. Амар Бајрамоски 
,,Одлични борби прикажаа и Божидар Јулоски, Анастасија Трајческа и Иринеј Бакрачески но не успеаа да се искачат на пиедесталот. Ова е доказ дека со добра организациска поставеност, квалитетен тренажен процес резултатите се неизбежни!,, – велат од тимот на џудо клубот ,,Дрим“.
