Општински одбор на сојуз на борци на Струга го одбележаа 8 ноември, денот на ослободувањето на Струга
Со полагање цвеќиња пред споменикот на револуцијата на плоштадот во Струга и на бистите на паднатите борци на кејот на реката Црн Дрим, Општината Струга, го одбележа 8 Ноември Денот на ослободувањето на градот.

Претседателот на боречката организација од Струга, Ајредин Мемети, кој беше организатор за ова одбележување, прв положи цвеќе и им оддаде почит на сите учесници во НОБ против фашистичкиот окупатор. Кој истовремено честитајќи им го на своите граѓани, Денот на ослободувањето, претседателот на боречката организација Мемети истакна дека оставаме аманет на следните генерации да го чествуваат, почитуваат овој Голем ден, бидејќи е во чест на сите оние кои ги положија животите за слободата на Струга, на борците од Втората светска војна, борците, кои ги дадоа своите животи за слободна, самостојна Македонија, кои се изборија за слободен град, се поклонуваме, им оддаваме почит за нивното херојство, нивната жртва, за тоа што го дадоа за својот град. Им благодариме за идеите, за потребата да си свој на своето. Ветуваме дека, како генерација ќе се грижиме за почитта кон нив, да не бидат заборавени, заврши Мемети.
Свежи цвеќиња положија делгации: на општината Струга предводена од градоначалникот Рамиз Мерко, Здружението на пензионери од Струга и таа предводена од претседателот на здружението Милорад Трпоски, делегација на АРМ, делегација на организацијата за одбрана и зашита, политички партии, здруженија на граѓани, подржувачи и почитувачите на делото на Јосип Броз Тито, и ученици од основните училишта од градот.
Во просториите на Сојузот на борците во Струга, претседателот Ајредин Мемети имаше прием за членовите на семејствата на паднатите борци и други граѓани.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

