Едуино платформата, дел од проект на Министерство за труд и социјала и Министерство за образование, во склоп на цела држава избра 46 Едуино амбасадори од кои за Струга се избрани воспитувачката Даниела Милошеска и наставничката Нора Жута Села.
Градоначалникот Мерко им додели благодарници за нивните достигнувања.
,,Им честитаме на Нора и Даниела за постигнатиот успех, особено за време на Ковид19 пандемијата. Нивниот напор го вложија за реализација за воспитно образовните активности. Им посакуваме други успеси и ги охрабуваме сите воспитувачи и наставници да се истакнат со својата искрена желба и потреба за трансформација и подобрување на образовниот систем.,,-стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари