Центристичкиот кандидат Емануел Макрон и лидерката на ултрадесницата Марин ле Пен ќe се борат во вториот круг од претседателските избори во Франција кои ќе се одржат на 7 мај
Ова се конечните резултати што денеска ги соопшти француското Министерство за внатрешни работи.
Макрон освоил 23,75 отсто, додека Ле Пен 21,53 отсто од гласовите, додека по нив следуваат конзервативниот кандидат Франоса Фијон со 19,91%, и левичарскиот кандидат Жан Лук Меланшон со 19,64% од гласовите.
Независниот центристички кандидат за претседател на Франција Емануел Макрон вели дека ќе биде кандидат на надежта за Франција и за Европа во одлучувачкиот втро круг од претседателските избори против лидерката на десницата Марин Ле Пен.
-Во ваше име ќе бидам гласот на надежта за нашата земја и за Европа, изјави тој во обраќањето пред приврзаниците во Париз.
Лидерката на крајната десница Марин ле Пен синоќа прогласи победа во првиот круг од изборите и вели дека ова е историски резултат.
Facebook Коментари