Гевгелија кажа НЕ за рудници во општината

- Македонија
886

Со убедливо мнозинство од 97 проценти жителите на Гевгелија вчера на референдум  гласаа против отворање на рудници за ископ на минерални суровини на територија на општината.

Неофицијалните резултати говорат дека  „за“ отворање на рудници гласале само 154 жители на Гевгелија додека „против“ гласале 13 097 гласачи.

На референдумот излегоа над 13 илјади гласачи или околу 70 отсто од запишаните 19.459 во Избирачкиот список, со што е исполнет законскиот праг од над 50% излезност, што значи дека референдумот е успешен. Иницијатор за референдумот беше здружението  “Спас за нас“.

Веднаш по соопштувањето на резултатите, жителите на Гевгелија славеа низ улуците на градот.

Facebook Коментари