Утре со почеток во 10:30 часот во ООУ ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи Новогодишен саем под мотото ,,Дигитализација на училиштето.“
На саемот ќе учествуваат ученици од трето до деветто одделение од трите наставни јазици, со ракотворби, украси, цртежи и храна.
Новогодишниот саем ќе биде од продажен карактер, а средствата што ќе се соберат ќе бидат наменети за набавка на видео проектори за училниците.
Facebook Коментари