Непознати сторители денеска запалиле два контејнери за отпад во град Струга
Непознати сторители денеска запалиле два контејнери за отпад, причинувајќи голема материјална штета, на улица „Ристо Крле“, известуваат од ЈП Комунално.

„Благодарение на брзата реакција на струшките пожарникари, пожарот не се прошири на околните згради и возилата во околината. Уништените контејнери ќе се заменат со нови“, велат од ЈП Комунално.
Градот Струга апелира до граѓаните да ја почитуваат урбаната опрема поставена на јавни места и да не палат контејнери за отпад, за да се овозможи ефикасно собирање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиенa.
StrugaOnline
