Во амбулантата во Велешта извршена комплетна реконструкција на просториите

Во амбулантата во Велешта е изавршена комплетна реконструкција на просториите во кои се пружа здравствена заштита.

Кабинетот за ОРЛ и кабинетот за детска и превентивна стоматологија се реновирани и ставени во целосна функција, подови, санитарии, дограма внатрешна и надворешна.

Благодарност пред се до вработените во амбулантата и општествено одговорните компании кои заеднички со нас како установа учествуваа во овој проект. Прекрасен новогодишен подарок пред се за пациентите на кои им пружаме здравствени услуги во овој објект! -информираат од Здравствен дом Вевчани.
StrugaOnline

