И оваа година, традиционално, нуркачите од Нуркачкиот центар Амфора ја накитија подводната новогодишна елка во Охрид.
,,Како и секоја, и оваа нова 2023 година, нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство“ – потенцираат од нуркачкиот центар.
Посетителите на Музејот на Вода во Заливот на коските кај Градиште ќе можат да ја гледаат елката до крајот на јануари.
Facebook Коментари