Ковачевски: Наредната година треба да отпочне изградбата на автопатските делници Ќафасан-Струга-Требениште

- Локални, Македонија
669

Наредната година треба да отпочне изградбата на автопатските делници Ќафасан-Струга-Требениште, најави премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

 

Заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми тој вчера  присуствуваше на настан по повод пуштањето во употреба на делница Крупиште-Кочани на експресниот пат Штип-Кочани.

Ковачевски рече дека заложбите на Владата за вложување во современа инфраструктура се гледаат и во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година кој изнесува околу 324 милиони евра, што е за 135% зголемување од оваа година.

– Во 2023 година продолжува изградбата на автопатите на Коридорот 8, за што се предвидени 244 милиони евра. Регионалното поврзување и соработка е еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна важност за развојот на нашата економија. Очекуваме следната година да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид и веќе во јануари 2024 година да можат граѓаните, сите ние да возиме по тој автопат. Активно продолжува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, третата лента на патот Паланка-Деве Баир. Во рамки на овој Коридор, наредната година треба да отпочне изградбата на автопатските делници Ќафасан-Струга-Требениште, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово и Коридорот 10Д Прилеп-Битола. Активно ќе се работи и на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, Дреново-Фариш, Скопје-Блаце прва фаза, Битола-Меџитилија и други автопатски делници, истакна Ковачевски.

Facebook Коментари