Поради магла, намалена видливост на патните правци Охрид – Струга и Охрид – Ресен

- Локални, Македонија
467

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

– Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патните правци Битола-Прилеп, Неготино-Демир Капија-Удово, Скопје-Велес и Велес-Скопје, од 50 до 60 метри на патните правци Штип-Радовиш-Струмица, Охрид-Струга, Охрид-Ресен, Кочани-Виница и Велес-Штип и до 100 метри на патниот правец Св. Николе-Куманово и на планинскиот превој „Плетвар“, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Facebook Коментари